Серија А направи нов распоред, но дали клубовите ќе го прифатат?

Иако Италија го прекина спортот најмалку до 3 април, Серија А со натпреварување најверојатно ќе започне од 3 мај. Ова е новиот план кој неколку италијански медиуми го објавија, но допрва останува да се види дали клубовите ќе прифатат.

Сценариото кое има најголема веројатност да се случи е, натпреварите почнувајќи од 27-то коло да продолжат од почетокот на мај, додека сезоната би траела до 30 јуни. Со оглед на тоа дека има 11 кола до крајот, екипите би играле по три меча неделно, ако се знае дека во меѓувреме одредени клубови имаат обврски и во европските натпреварувања, што значи дека тимовите како Јувентус, Интер, Рома би играле и по 17 натпревари во период од девет седмици.

Ваквото сценарио спречува до крај да се одигра Купот на Италија, а тој најверојатно би бил преместен за новата сезона. Еден од условите сезоната да продолжи од 3 мај е да им се даде на клубовите период за подготовка кој би траел две недели.

Во случај клубовите да го одбијат овој педлог, ќе бидат приморани да играат плејоф за Скудетото и местата кои нудат излез во Европа, а со ист формат ми се одлучувале новите екипи во елитата, односно ќе има битка за опстанок.

Воедно за да се оствари овој план на Италијанците, потребно е да се одложи ЕП 2020, а во ваква ситуација речиси е сигурно дека ќе се случи.

- Оглас -

Најнови вести