Серија А повторно ќе има 18 тима?

Италијанската прва фудбалска лига, позната како Серија А, од 2004 година се прошири од 18 на 20 клуба, но во последно време сè погласни се најавите и размислувањата дека треба да се врати стариот формат со 18 членови на елитата.

Со 18 тима, Лигата би добила квалитет и конкурентност. Доминацијата на Јувентус која трае од 2011 година, не им се допаѓа на многумина, миланските клубови никако да се вратат во борбата за првак и можеби со кратењето на Лигата, Јуве не би имал толку голема предност во однос на ривалите.

„Квалитетот е најважен. Никого не го интересира натпреварување во кое еден клуб е доминантен. Убеден сум дека двата клуба од Милано би биле поконкурентни, а би имале и поголем интерес кај публиката. Не сакам да ги навредам Рома и Наполи, кои му ја отежнуваат работата на Јувентус во последните години, но присуството на Интер и Милан во трка за титулата носеше историски резултати за лигата“, изјави претседателот на Серија А, Гаетано Мичике.

Освен Бундеслигата, сите други најсилни лиги во Европа имаат по 20 тима. Фудбалскиот сојуз на Италија им дозволува на клубовите сами да одлучат дали ќе се решат за кратење на Серија А.

- Оглас -

Најнови вести