Серија А уште не почнала, ама денес играат Јувентус, Интер, Милан, Аталанта и Лацио

Од најсилните пет лиги во Европа, единствено италијанската Серија А викендов не се игра. Првото коло во калчото ќе биде следниот викенд, но тоа не значи дека и сега нема возбудувања поврзани со клубовите од Италија.

Најголемите клубови од италијанскиот европски првак денеска играат пријателски натпревари. Првакот Интер од 18:30 часот игра контролен меч против украинскиот Динамо Киев, а Нераѕурите се фаворити за победа. Половина час подоцна, Лацио ќе одигра пријателски дуел против Сасуоло.

Дербито ќе го играат Јувентус и Аталанта. Во последните осум меча, двата клуба имаат по две победи, а дури четири средби завршиле нерешено, што само покажува дека може да очекуваме уште еден возбудлив дуел, во меч на кој ќе има барем два пгодоци.

Милан ќе ги одмери силите со некогашниот грчки гигант Панатинаикос, во меч кој ќе се игра во Трст.

 

- Оглас -

Најнови вести