Серијата од седум меча по ред без пораз за фудбалерите на Тотенхем заврши кога најмалку се очекуваше, на домашен терен и на меч на кој имаа водство од 1-0. Затоа пак, серијата од четири победи по ред за Астон вила продолжува и тоа со гостински триумф од 1-2 во Лондон.
Тотенхем поведе преку Бентанкур уште во петтата минута, но гостите од Бирмингем со голот на Роџерс во 37-мата минута израмнија на 1-1.
Емилијано Буендиа во 77-мата минута го постигна и вториот гол за Астон вила, што на крајот значеше и три бода од ова гостување.
Тотенхем пропушти голема шанса со победа да избие пред Манчестер сити на втората позиција на табелата во Премиер лигата, па сега падна на шесттата, додека Астон вила со оваа победа се искачи на 10-тата позиција со 12 бода.