Фудбалерите на Валенсија и шестти меч по ред не знаат за пораз во Ла Лига и веќе не стравуваат за својот опстанок во најквалитетната шпанска лига. „Лилјаците“ со минимални 1-0 ја совладаа Севиља на домашен терен со голот на Хави Гуера во четвртата минута од судиското продолжение на првиот дел.
Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, и на овој меч остана на клупата за резерви и не доби шанса за настап.
Валенсија со оваа победа се искачи на 12-тата позиција на табелата со 37 бода, односно девет повеќе од Леганес кој е на 18-тото место кое води во понизок ранг.