29.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Серијата порази на Удинезе заврши во најлош момент за Болоња

Удинезе имаше серија од пет порази по ред во Серија А, но таа заврши во најлош момент за фудбалерите на Болоња. Мечот во Удине заврши без голови, 0-0, па Болоња изгуби значајни два бода во битката за пласман во групната фаза на Лигата на шампионите.

На четири кола пред крајот на Серија А, Аталанта е во пол-позиција со 65 бода, три повеќе од Јувентус, кој е четврти. Шанси имаат и Болоња со 61 бод, Рома со 60, Фиорентина и Лацио со по 59, но екипата од Рим има и меч помалку.

- Оглас -

Најнови вести