Сериозна повреда за Тер Штеген, голманот на Барселона изнесен на носилки

Барселона оствари убедлива победа на гости (1-5) против Виљареал, но триумфот ќе остане во сенка на повредата на голманот Марк-Андре Тер Штеген.


Германскиот чувар на мрежата на носилки беше изнесен од теренот во судиското продолжение на првото полувреме.


Првичните прогнози не се воопшто позитивни и веројатно Тер Штеген го очекува неколкумесечна пауза. Ова ќе биде голем удар за амбициите на Барселона која одлично ја почна новата сезона во Ла Лига, со шест победи во исто толку одиграни натпревари.

- Оглас -

Најнови вести