Португалецот Сержо Консеисао и официјално стави потпис на својот двегодишен договор со саудиски Ал-Итихад, клуб во кој прва ѕвезда е Карим Бензема.
Консеисао кој следниот месец ќе наполни 51 години, беше без работа откако на крајот од минатата сезона си замина од Милан.
Во клубот од Џеда, тој повторно ќе се сретне со Данило, кого го тренираше и во Порто, а го поззнава и Роџер Фернандес од времето кога беше во Брага. Сепак главни ѕвезди се Бензема, Фабињо, Н’Голо Канте, Муса Диаби, Стивен Бергвајн, голманот Предраг Рајковиќ.
Ал-Итихад моментно е на третото место во саудиската лига по четири одиграни кола.