Северна Кореја како Бразил, стана светски првак со седум победи во седум меча (Видео)

Репрезентацијата на Северна Кореја за фудбалерки до 20 години е новиот светски шампион откако во големото финале минимално со 1:0 ја победија селекцијата на Јапонија. До планетарниот трон, младите фудбалерки од Северна Кореја стигнаа на уверлив начин, победувајќи на сите седум натпревари што ги одиграа.

Мундијалскиот поход го започнаа со убедливи триумфи во групната фаза над Аргентина (6:2), Костарика (9:0) и Холандија (2:0). Потоа следуваше победа од 5:2 против Австрија во осминафиналето, па триумф над Бразил со 1:0 во четвртфиналето.

По еден гол беше доволен и во полуфиналето против САД, како и во борбата за златото против Јапонија. Интересна беше реакцијата на коментаторот од Северна Кореја при постигнување на голот, кој на крајот се покажа дека е вреден за титула. За разлика од арапските и јужноамериканските коментатори, кои едноставно „полудуваат“ на погодоците, коментаторот од Северна Кореја погодокот го проследи како нешто најнормално.

Интересно е дека оваа титула на Северна Кореја не е изненадување бидејќи оваа репрезентација доминира во категоријата до У20. За нив ова е трета светска титула.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести