Севиља ја наполни мрежата на Ваљадолид

Фудбалерите на Севиља ја прекинаа низата од три меча без победа во Ла Лига и триумфираа убедливо (0-4) на гости против Ваљадолид. Тоа е осми триумф за Севиља во шампионатот, а петти последовен пораз за Ваљадолид кој се наоѓа на последната позиција.

Хуанлу Санчес во петтата минута го отвори резултатот, а Исак Ромеро зголеми на 0-2 непосредно пред одморот.

Во вториот дел Хуанлу Санчес уште еднаш беше стрелец, а четвртиот гол беше дело на Доди Лукебакио.

- Оглас -

Најнови вести