Севилја го совлада Манчестер јунајтед со 2-1 во првото полуфинале во Лигата на Европа. Иако англискиот тим важеше за фаворит, сепак Севилја покажа дека низата од 20 натпревари по ред без пораз не е случајна и дека не е случајно што Севилја е најуспешен тим во историјата на Лигата на Европа откако се игра под вакво име и во ваков формат.
Победничкиот гол за тимот од југот на Шпанија беше дело на резервистот Лук де Јонг во 78-мата минута. Претходно, во првиот дел, Бруно Фернандеш од пенал погоди за Јунајтед, а Сусо изедначи. Севилја остана непоразена во полуфиналињата во Европа, па сега го чека ривалот во финалето, тоа ќе бидат Интер или Шахтар.
https://streamable.com/61jjh0