Со голот на Жоан Џордан (негов прв гол во дресот на Севилја) во 52-ра минута, Севилја славеше против андалузискиот ривал Гранада со 1-0, и сега тимот на тренерот Хулен Лопетеги има 6 бода пои две кола и нема примено гол. Севилја првпат гостуваше во првите две кола од една сезона, и успеа да триумфира двапати.
Во првото полувреме гостите останаа без младиот лев бек Серхио Регилон, кој по еден судар со главите со противничкиот играч Виктор Дијас, со солзи во очите беше изнесен од теренот и заврши во болница. Регилон кој е позајмен од Реал Мадрид, вечерва ќе остане во болница во Гранада која е на 250 километри од Севилја.