Севилја и Манчестер заборавија да губат, ама еден тим ќе мора да биде со спуштена глава

Тесен резултат со малку голови е најреалната опција за тоа што ќе се случува вечерва на теренот во Келн, каде што Севилја и Манчестер јунајтед ќе го одиграат својот дуел од полуфиналето на Лига Европа. Тимовите на Хулен Лопетеги и Оле Гунар Солскјер, се во одлични победнички серии, и ретко примаат голови. Но, само еден тим ќе може да се радува на крајот, макар и на пенали ако после 90 и 120 минути игра нема победник.

Севилја има низа од 19 меча без пораз, што е клупски рекорд. Овој тим не знае за пораз уште од февруари кога загуби од Селта во првенствен меч, со примен гол во судиското продолжение. Амглиските Црвени ѓаволи последен пат загубија во средината на јули во ФА купот од Челзи, но тоа им е единствен пораз од крајот на јануари наваму.

Што се однесува до одбраните, тоа се двата од трите тима со најмалку примени голови сезонава во Лига Европа. Како и да е, и Севилја и Јунајтед со преаво се надеваат на трофејот во ЛЕ, но некој ќе мора да прими гол, и ќе мора на болен начин да го заврши патот.

- Оглас -

Најнови вести