Севилја и со новиот тренер не успеа да победи

Смената на тренерот Хулен Лопетеги не го донесе посакуваниот ефект во Севилја. Во првиот натпревар со Сампаоли на клупата, Севилја одигра 1:1 против Атлетик Билбао и ја продолжи серијата на лоши резултати сезонава.

Со ремито и освоениот бод, Севилја остана на 17 место на табелата со само шест бода, додека Атлетик е третопласиран со 17 бода.

Натпреварот одлично започна за Севилја, во четвртата минута Оливер Торес успеа да погоди за 1:0. Малку недостасуваше домаќините да го удвојат водството само две минути подоцна, но Папу Гомес не беше прецизен.

Севилја, минималната предност ја чуваше со 73 минута кога гостите преку Микел Весга успеаја да израмнат на 1:1, резултат кој на крајот се покажа како конечен.

- Оглас -

Најнови вести