Севилја има нов Серхио Рамос за Реал Мадрид

Реал Мадрид ќе се обиде да го повтори екстра успешниот потег кога од Севилја го купи Серхио Рамос во 2005 година, а по вкус на Зинедин Зидан сега е Жил Кунде.

Младиот француски ас има 21 година, а одигра одлична сезона за Севилја на позицијата стопер, на која во Реал легенда стана Рамос.

Кунде е млад, а веќе докажан фудбалер и Зидан инсистира да го доведе во Реал Мадрид. Сонародниците, според шпанските медиуми, се на прагот да се договорат и Кунде да се пресели во Мадрид од Севилја.

Жил пристигна во Севилја лани летото од Бордо и за него беа платени 25 милиони евра. Сега отштетата ќе биде многу поголема ако пристигне во Кралскиот клуб, а Реал сака да избегне да плати голема сума пари, па сака да го вклучи Лука Јовиќ во евентуална трампа на двајцата играчи.

Севилја е вистинско место за преродување на играчи кои се во криза и би била идеално место за Јовиќ да се обиде да се врати во формата што ја прикажуваше во Ајнтрахт Франкфурт.

Клубот до Андалузија е заинтересиран за српскиот напаѓач, на Реал не му треба, но прашање е дали во евентуална трампа Кралскиот клуб ќе треба и да доплати за да го ангажира Кунде.

 

 

- Оглас -

Најнови вести