Севилја ќе даде гол повеќе од Еибар

Еибар – Севилја (фудбал, Шпанија 19.00 часот)

Севилја е во игра за врвот на табелата, со победа би дошла само на еден бод зад лидерот Реал Мадрид, и затоа на гостите, кои се фаворити, им треба триумф. Еибар уште нема победа сезонава во Ла Лига и тешко дека сефтето ќе го направи против опасните Андалузијци. На последните пет меѓусебни дуели на овие екипи кога Еибар бил во улога на домаќин секогаш двата тима давале гол.

Предлог тип (квота на ден на Sport Life): Т2 2+ & ГГ (3.10)

 

Феенорд – АЗ Алкмар (фудбал, Холандија 20.00 часот)

Ова е дуел на два тима кои играат и во Лигата на Европа, па не може да се каже дека едните се поодморени и поподготвени од другите. Феенорд не бележи добри резултати, но можеби овој меч е шанса да се свртат работите во позитивен правец. АЗ Алкмар од 2011 година нема победа во Ротердам, а традицијата најавува и голови на двете страни. На последните осум соочувања на Феенорд и АЗ во Ротердам, двата тима давале гол и притоа никогаш не славеле гостите.

Предлог тип (квота на ден на Sport Life): 1Х & 3-5 (2.80)

 

Торино – Милан (фудбал, Италија 21.00 часот)

Торино од 14 април наваму нема одиграно нерешено на свој терен, во претходниот настап дома киксираше против Лече. И Милан посакува победа со која би ги залечил раните од поразот во дербито со Интер. Нема да им биде лесно на гостите, Милан три години нема лигашка победа над Биковите. На двата тима им се важни бодовите, ќе играат офанзивно, затоа и предлогот е дека барем во едното полувреме и двата тима ќе постигнат гол.

Предлог тип (квота на ден на Sport Life): ГГ прво/второ (2.45)

 

Реал Сосиедад – Алавес (фудбал, Шпанија 21.00 часот)

Ова е баскиско мини-дерби. Сосиедад со победа оди на делба на втората позиција, а со реми ќе ја престигне Барселона. Алавес тргна со победа, а оттогаш врза четири кола без триумф. Ова се два тима кои одлично се познаваат, летоска во подготвителниот период двапати играа пријателски мечеви, кои завршија со 0-1 гол. Алавес е најнеефикасен тим во лигата само со два постигнати гола во пет меча.

Предлог тип: 1Х & 0-2 (1.90)

 

Спортинг – Рио Аве (фудбал, Португалија лига куп 21.00 часот)

Ако се гледаат резултатите од првенството, Рио Аве условно кажано е подобар тим од Спортинг бидејќи Рио Аве го победи тимот од Лисабон со 3-2. Спортинг има три меча по ред без победа, маките им ги зголеми и поразот од ПСВ во Лигата на Европа. Првата фаза од португалскиот Лига куп се игра по групи, па како и да заврши овој меч, има шанса за поправен. Психолошиот проблем на Спортинг може да почне да се решава со победа над Рио Аве.

Предлог тип: 1 (1.72)

- Оглас -

Најнови вести