Клучниот фудбалер на Галатасарај во освојувањето на шампионската титула минатата сезона, Мауро Икарди, заработи повреда на мечот против Тотенхем од Лигата на Европа. Аргентинецот на пет минути пред крајот во обид да пресече една топка, падна на теренот, а од турскиот клуб потврдија дека се работи за скинати лигаменти на коленото, па Икарди ќе мора да паузира помеѓу шест и девет месеци. Тоа би значело дека оваа сезона за него е завршена.
yapma icardi yapma… pic.twitter.com/vUn3SwCHlT
— Bilal Soydaş (@bilalsoydasrs) November 8, 2024
Икарди во Галатасарај пристигна во 2022 година од ПСЖ и на 86 натпревари постигна 61 гол.