Арсенал е загреан за доведување на украинскиот крилен напаѓач Михајло Мудрик, кој игра одлично за Шахтар, а и млад е, има 21 година, но клубот од Донецк најави дека нема намера да го продаде својот бисер за помалку од 100 милиони евра.
Спортскиот директор на Шахтар, Карло Николини, рече дека Мудрик, кој сезонава на 11 меча има 6 гола (во ЛШ има три гола на пет меча) и 7 асистенции, е подобар играч од Бразилецот Антони за кој Манчестер јунајтед плати 90 милиони евра.
„Сите го сакаат Михајло, но понудите се прениски, па со никого не сме седнале да преговараме. Се јавија Сити и Арсенал, како и други англиски клубови. Некои нудеа 40 или 50 милиони, но со такви понуди, не сакав ни да го заморувам претседателот. Покрај Мбапе, Леао и Винисиус, Мудрик е најдобар во Европа на таа позиција. За нас, тој е подобар играч од Антони, а Антони чинеше 100 милиони. Плус тоа, не мора да го продаваме, важен ни е“, вели Николини.