Шаќири влезе во конфликт со српски новинар и му порача: Пријателе, ви дадов два гола

Швајцарија беше елиминирана од Португалија, но по мечот, повторно тема на муабет беше дуелот против Србија. На прес конференцијата се појави Џердан Шаќири, а таму беше еден српски новинар, кој реши да го провоцира Швајцарецот со албански корени.

„Зошто ги провоцираше српските навивачи на дуелот против Србија?“, праша новинарот, а Шаќири веднаш имаше одговор. „Пријателе, ви дадов гол, само си ја вршев својата работа. Два пати ви имам дадено гол, дали го знаеш тоа?“, одговори Шаќири кој постојано се смееше и неколку пати повтори „ви имам дадено два гола, два гола“.

Потоа реагираше и гласноговорниот на швајцарската репрезентација кој се обиде да ја смири ситуацијата, но српскиот новинар продолжи да прашува. „Зошто се смеете кога загубивмте со 6:1?“, праша новинарот, а Шаќири веднаш му одговори: „Зарем треба да плачам?“

Освен Шаќири „конфликт“ со српските новинари имаше и вториот Швајцарец со албанско потекло, Гранит Џака. Во микс-зоната капитенот на Швајцарија доби неколку прашања од српски новинари, но портпаролот на швајцарската репрезентација не сакаше да му дозволи на Џака да одговори. Џака сакаше да зборува со српските новинари, но откако не доби дозвола од портпаролот, само им дофрли: „Бев на прес конференцијата по мечот против Србија. Зарем тоа не ви беше доволно?“.

- Оглас -

Најнови вести