Шалке не сака да плати за Чурлинов, Даре се враќа во Штутгарт и ветува борба за место во тимот

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Дарко Чурлинов, во следната сезона нема да го носи дресот на Шалке 04, со кој влезе од втората во првата германска лига.

Чурлинов играше како позајмен во Шалке, желба му беше да остане таму, но клубот од Гелзенкирхен не сакаше да плати 3 милиони евра колку што бараше Штутгарт за откуп на договорот. Пропадна можноста и за нова позајмица во Шалке.

Затоа, Чурлинов треба да се врати во клубот со кој има договор, а тоа е Штутгарт. Во моментов популарните Шваби немаат класично лево крило, па Чурлинов би можел летово да се наметне и да ја придобие довербата на тренерот Пелегрино Матарацо.

Чурлинов има уште две години од договорот со Штутгарт.

„Одлично ми беше во Шалке, уживав со навивачите и промоцијата во Бундеслигата. Но, штом Шалке не успеа да се договори со Штутгарт, се враќам во Штутгарт каде што имам уште две години од договорот. Ќе дадам се од себе за да ги исполнам бараеата на тимот и навивачите“ – изјави Чурлинов

 

- Оглас -

Најнови вести