Шалке повторно загуби, дали киксот на Тодибо ќе биде кобен за тренерот Вагнер?

Агонијата на Шалке продолжува и по 29-тото коло во кое екипата на Давид Вагнер загуби на домашен терен со минимални 0-1 против Вердер Бремен. Катастрофалното коцкање на Тодибо им овозможи на гостите да го реализираат голот вреден за трите бода, а неговиот кикс може да ја одреди судбината на тренерот Вагнер.

И пред овој меч се шпекулираше дека стратегот може да добие отказ со оглед на тоа што екипата од Гелзенкирхен веќе ги загуби трите меча по рестартот на сезоната, а денес следуваше и четвртиот пораз во низа од тим кој се бори за опстанок во германската елита.

Победа на гости обезбеди уште Хофенхајм со идентични 1-0 кај Мајнц, Херта Берлин во финишот го запечати триумфот против Аугзбург со конечни 2-0, додека Ајнтрахт Франкфурт се радуваше на гостувањето кај Волфсбург при резултат од 2-1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести