Неискусниот Тодибо помисли дека може да дрибла како Зидан, па му подари еврогол на Вердер (видео)

Стоперот на Шалке Жан-Клер Тодибо, си поигра со судбината обидувајќи се да се ослободи од тројца противници со дриблање на средината од теренот, па загуби посед на топката и им подари водство на гостите од Бремен.

Вердер води на „Велтинс арена“ против ранливиот Шалке со евроголот на Битенкурт кој го постигна во 32-та минута. Погодокот можете да го видите на следниот ЛИНК. 

Погодоци има и на оснатите три средби од 29-тото коло во Бундеслигата кои започнаа во 15.30 часот. По првото полувреме водство од 1-0 има Херта Берлин против Аугсбург, додека со идентични 1-0 водат гостите Ајнтрахт и Хофенхајм против Волфсбург, односно Мајнц.

 

- Оглас -

Најнови вести