Шампионот ги врати насмевките и второто место – Вардар го разби Мешков со победа од 36:31

Вардар повторно ги врати насмевките во својот табор, но и кај симпатизерите со убедлива победа од 36:31 и повторно се врати на второто место на табелата во Б групата, зад лидерот Кил.

Првото полувреме навести дека шампионот ќе ја прекине мини-серијата, а Вардар имаше предност од 4 гола, иако на пауза замина со водство од 19:17.

Во продолжението вардарци одиграа цврсто во одбраната и разликата стаса и до 7 гола во финишот на мечот. Ова е четврта победа во шестиот меч за „црвено-црните“ во групната фаза, а што не најважно прекината е серијата од два порази.

Лидери во убедливиот триумф беа Кристопанс со 9 гола, Чупиќ постигна 7, а Скубе шест. Кизиќ и Гебдан имаа по 4 одбрани на голот на актуелниот европски првак.

Кај гостите Ваљубов со 9 голови беше прв стрелец во мечот во кој Мешков го претрпе петтиот пораз во шестиот меч во фазата по групи.

Кил е лидер во Б групата со 11 бода, пред Вардар со 8, Кјелце и Монпелје со по 7, Веспрем и Порто имаат по шест, Мешков Брест е претпоследен со два бода, пред Мотор Запорожје со еден бод.

Следниот меч на европскиот првак е против Кјелце, повторно со Скопје на 9. ноември.

- Оглас -

Најнови вести