Бранителот на тронот Манчестер сити, тргна со убедлива победа од 5-0 во Премиер лигата на гостувањето кај Вест хем во првото коло. Избраниците на Пеп Гвардиола рутински дојдоа до трите бода, а на „Лондон“ стадионот за првпат беше употребена ВАР – технологијата.
Најновата технологија која се воведе во најатрактивната англиска лига од оваа сезона, влијаеше врз резултатот, но се покажа во корист и на двете екипи. Судијата Мајк дин со помош на ВАР прво поништи гол на Жесус, но му даде шанса и на Агуеро да го поправи ударот од белата точка, кој вториот пат заврши во мрежата.
Габриел Жесус ја отвори средбата во 25-тата минута, а голеадата во режија на англискиот првак продолжи во второто полувреме. Стерлинг зголеми на двапати ја затресе мрежата од 50-тата до 75-тата минута, Агуеро вториот пат не погреши од белата точка, а англиската ѕвезда во судиското надополнување го комплетираше хет-трикот.
https://www.youtube.com/watch?v=b5LubAtWlfI