Шампионот ќе добие нов тренер: Ќатип Османи си поднесе оставка во Струга

Актуелниот шампион на Македонија, Струга, остана без тренер после поразот од Вардар (0-2), откако Ќатип Османи одлучи да си поднесе оставка, а раководството да ја прифати.

Стружани две години по ред беа шампиони на Македонија, но оваа сезона се далеку од врвот и борбата за титулата и во моментов е под знак прашалник дали и воопшто ќе се изборат за излез во фудбалска Европа.

Османи на кормилото на Струга дојде во мај минатата година и ја водеше екипата на вкупно 26 натпревари во сите конкуренции. Забележа 12 победи, пет нерешени и девет порази, а се чини дека последните два порази, оние од Гостивар (1-0) и Вардар (0-2) беа пресудни за ваквата одлука на 55-годишниот тренер.

- Оглас -

Најнови вести