Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром го победи Маџари со 77:70 во мечот со кој започна новата сезона во кошаркарското првенство. За Маџари ова беше дебитантски настап во елитното кошаркарско друштво и даде достоен отпор против фаворитот.
По стартните 5:2 за МЗТ, Маџари со серија од 8:0 стигна до предност од 10:5. Потоа домаќините возвратија со низа од 10:0, а Маџари во првите 10 минути (27:25) покажа дека нема да се предаде.
Во втората четвртина МЗТ постојано имаше водство, но тоа најмногу беше шест разлика (35:29). Дури во средината од третата четвртина МЗТ Скопје Аеродром прв пат дојде до двоцифрено водство и тоа со 53:42, но по три четвртини, гостите намалија на 65:60.
Во решавачката последна четвртина, фаворитот постојано ја контролираше предноста, а Маџари намали на 64:62, а на 100 секунди до крајот МЗТ водеше со само пет разлика (73:68) и до крајот ја сочува предноста.