Шампионот не ја заборави легендата – Потег за респект на Ѓоковиќ (Видео)

Новак Ѓоковиќ не го заборави својот голем пријател Коби Брајант и во негова чест по трагичната смрт на загревањето пред дуелот со Милош Раониќ носеше тренерка со иницијалите на кошаркарската легенда и бројките 8 и 24.

Ѓоковиќ беше голем пријател со Коби Брајант и имаа неколку средби што ги овековечија со заеднички фотографии. Тениската легенда ја испочитува кошаркарска легенда со последен поздрав.

Мечот меѓу Ѓоковиќ и Раониќ е во тек, а победникот ќе игра полуфинале во Мелбурн, на Отвореното првенство на Австралија против Роџер Федерер.

- Оглас -

Најнови вести