Вечерва ќе се одиграат два натпревари од плејофот во НБА, по еден во Источната и Западната конференција, а Sport Life подготви богат избор на игри за двата меча.
Во Западната конференција, шампионот Голден стејт вориорс има негатива од 1-3 во победи против ЛА лејкерс и мора да слави пред своите гледачи. Квотите повторно се на страна на шампионот, 1.40 изнесува коефициентот за триумф на Воините.
Но, Лејкерси веќе славеа еднаш на гости и предводени од Леброн Џејмс и Ентони Дејвис ќе се обидат да дојдат до нов триумф кој ќе ги однесе во финалето на Западот.
На Истокот, Мајами хит води со 3-1 во победи против Њујорк и ќе има шанса со триумф во славната арена „Медисон Сквер гарден“ да избори конференциско финале.
Понудата во Sport Life стандардно вклучува и типување на „плус-минус“ кај кошгетерите, но за скокови и асистенции. Тука е и сè попопуларната игра на комбинација од сите статистички сегменти.