Кими Раиконен ја објави одлуката што ја најави на почетокот на годината и веќе нема да биде дел од Формула 1 по завршувањето на оваа сезона.
Финецот еднаш беше шампион во Ф1, откако беше најдобар во 2007 година. Моментновози за Алфа Ромео и во овој тим ќе ја заврши кариерата.
„Готово е. Одлуката е тешка за мене, но по завршувањето на оваа сезона веќе нема да бидам дел од Формула 1. Одлуката ја донесов зимоска, а со тешко срце ја потврдувам сега. Им благодарам на сите што ме подрржуваа, на ривалите, на моите соработници во сите екипи за кои возев и секако на навивачите“, изјави Раиконен.
Досега има 23 победи на трките во Ф1, а дури 103 пати беше на победничкиот пиедестал, како еден од тројцата најбрзи пилоти на различни патеки во ова натптреварување.
Последниот триумф летечкиот Финец го забележа пред три години на трката за Големата награда на САД.