Лидерот на табелата во Источната конференција на НБА-лигата, Кливленд, загуби на гостувањето кај ЛА клиперс со 132-119, во меч во којшто имаше водство сè до финишот на третиот период, на моменти и од +11 поени. Домашните со одличен финиш во третата четвртина, но и на стартот од четвртата, дојдоа до голем пресврт и до крајот на мечот знаеја како да ја задржат победата.
Актуелниот шампион, Бостон селтикс, дојде до очекувана победа над Бруклин од 104-96, иако мораше да се помачи за да дојде до неа. Изненадување е и поразот на Милвоки на гостувањето кај ЛА клиперс. Домашните имаа водство од +17, Милвоки направи пресврт и поведе со шест поени разлика, но на крајот победата сепак остана во Лос Анџелес.
Резултати:
Шарлот – Атланта 102-134
Бостон – Бруклин 104-96
Голден стејт – Милвоки 104-93
ЛА Клиперс – Кливленд 132-119