Актуелниот шампион на НХЛ, тимот на Вашингтон капитолс се врати на лидерската позиција во метрополската дивизија со гостинскиот триумф над Њу Џерси девилс со 4-1. Со освоени 93 бода по 73 натпревари, Вашингтон сега е пред Ајлендерс и Питсбург во својата дивизија, додека е трет на Истокот и малку му недостасува да го потврди своето учество во плејофот.
Најзаслужен за победата беше голманот Феникс Копли, кој оствари 20 интервенции и само еднаш дозволи да биде совладан, додека успехот го остварија со три погодоци постигнати за околу седум минути во вториот период.
Сент Луис блус со огромни 7-2 го потопи Едмонтон и на тој начин се зацврсти на шестата позиција на Западот, место кое носи пласман во разигрувањата.
Домаќините се разиграа во втората и третата третина во која постигнаа по три гола, а хокејарот кој ја започна голеадата, Џејден Шварц, го постави конечниот резултат реализирајќи го својот четврти хет-трик во кариерата.
Резултати НХЛ:
Њу Џерси девилс – Вашингтон капитолс 1-4
Сент Луис блус – Едмонтон ојлерс 7-2
Каролина хурикејнс – Питсбург пингвинс 2-2 (1-0 на пенали)
Њујорк ајлендерс – Бостон бруинс 0-5
Њујорк ренџерс – Детроит ред вингс 2-3
Филаделфија флаерс – Монтреал канадиенс 1-3
Минесота вајлд – Колорадо аваланш 1-3
Нешвил предаторс – Торонто мејплс лифс 3-0
Далас старс – Флорида пантерс 4-2
Калгари флејмс – Колумбус блу џекетс 4-2