Шампионска лекција од Баерн за Лацио, „ножичките“ на Жиру за победа на Челзи (Видео)

Баерн Минхен треба да одигра формален реванш против Лацио откако германскиот гигант убедливо со 4:1 победи на „Олимпико“ во Рим, во првиот меч од осминафиналето од Лигата на шампионите. Актуелниот европски првак во текот на целиот дуел имаше целосна контрола и по првите 45 минути стигна до убедлива предност од 3:0.

Роберт Левандовски уште во деветата минута ја најави голеадата. Со овој погодок Левандовски го надмина Раул Гонзалес на вечната листа на стрелци во ЛШ. Потоа за гостите погодуваа и Џамал Мусијала во 24-тата минута и Сане пред крајот на првиот дел. Сите три погодоци на Баерн од првиот дел може да ги видите ТУКА. 

На почетокот на вториот дел Акерби од Лацио си даде автогол, а само две минути подоцна Кореа постигна почесен погодок за Лацио за 1:4, што тешко дека ќе биде доволно за во реваншот во Минхен.

Во вториот меч кој се играше вечерва во Лигата на шампионите, само еден гол беше доволен за гостите да се радуваат. Челзи со погодокот на Оливие Жиру победи против Атлетико на неутрален терен во Букурешт. Францускиот напаѓач даде спектакуларен погодок со ножички.  

 

- Оглас -

Најнови вести