Шампионски пречек за хероите од Бергамо (фото)

Аталанта вчера изненади со подвигот на гостувањето кај Шахтар Донецк. Избраниците на Џампјеро Гасперини триумфираа со 3-0 и се изборија за второто место во групата Ц, 7 бода беа доволни за Аталанта да се најде меѓу 16-те екипи кои ќе играат во осминафиналето.

По дуелот, илјадници навивачи на калчолигашот се собраа пред аеродромот во Аталанта да ги пречекаат своите херои. За нив ова ќе биде прво учество во нокаут-фазата од ЛШ, а за пласманот да биде уште посладок, Аталанта успеа да го повтори успехот на Њукасл од сезонта 2002/03.

Аталанта се пласираше во нокаут-фазата иако во првите три кола претрпе три порази. Ремито со Манчестер сити како и победите против Динамо Загреб и Шахтар вчера беа доволни за историскиот успех.

https://twitter.com/Atalanta_BC/status/1204919243491426304

https://twitter.com/Atalanta_BC/status/1204962156820729856

- Оглас -

Најнови вести