Шкендија ја порази ФЦСБ и во Букурешт, овојпат со 2-1, и заслужено оди во третото квалификациско коло за Лигата на шампионите, каде што ќе се сретне со азербејџанскиот Карабах.
Се виде дека ФЦСБ (некогашна Стеауа) е далеку од она што беше пред 40-тина години, кога стана европски шампион, и тетовци го искористија тоа, не се исплашија ни кога Романците поведоа со 1-0.
Победничкиот гол на Ване Крстевски во финишот донесе многу пари за Шкендија и нови рејтинг поени за македонскиот клупски фудбал, а шок за домашните, кои и по поразот на првиот меч во Скопје беа убедени дека ќе одат понатаму.