Шампионско издание на Интер, Лукаку е заборавен (Видео)

Интер со 4-0 ја прегази Џенова и на шампионски начин тргна во одбрана на титулата во Серија А. Горан Пандев го одигра цел меч за гостите, и не доби прилика при евентуалното излегување од игра да добие аплаузи од сите присутни фанови на Интер кои последен пат го видоа на нивниот стадион.

Сепак, од едната трибина имало скандирање на името на Македонецот кој има голема заслуга за успесите на Интер во 2010 година.

Дебитантски голови за Интер постигнаа Хакан Чалханоглу и Босанецот Един Џеко кој е донесен како замена за Ромелу Лукаку кој прејде во Челзи. Турчинот е прв играч на Интер по Златан Ибрахимовиќ од 2006 година, кој на дебито на Нераѕурите имал и гол и асистенција. Првиот гол сезонава во Серија А беше дело на Милан Шкринијар, а гол даде и Артуро Видал кој влезе како резерва.

Ова е голот на Џеко:

https://twitter.com/i/status/1429146549561475084

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести