Почетниот удар за Пандев, првиот гол во Серија А сезонава го даде дефанзивец

Италијанскиот првак Интер во првите 15 минути постигна два гола против Џенова, и се наоѓа на добар пат со победа да ја почне одбраната на титулата во Серија А. На овој меч, почетниот удар го изведе Горан Пандев, кој го носи дресот на Џенова, но изгледа му донесе среќа на својот поранешен клуб.

На трибините на „Џузепе Меаца“ после пауза од дури 560 дена, повторно има публика на трибините, па интеристите се инспирирани, особено Хакан Чалханоглу кој од Милан дојде во Интер. Турчинот има асистенција и гол.

Првиот гол сезонава во италијанската лига го даде Милан Шкринијар, и тој е прв дефанзивец после 10 години, кој го постигнува првиот погодок во една сезона за Интер.

- Оглас -

Најнови вести