Шанса што не се пропушта на Спортска прогноза – Македонија е сигурен кец, треба да погодите уште 12 натпревари за „ајфон 11“

Шанса што не се пропушта на Спортска прогноза е 29. коло кое е во тек, а се почнува со еден меч „фора“ во трката за прекрасниот „ајфон 11“.

На менито на популарната Тринаесетка е и мечот меѓу Македонија и Лихтенштајн, каде кецот е забетониран и се друго освен победа во недела во Скопје би било рамно на светско фудбалско чудо.

Имаме 8 победи на 9 меѓусебни дуели со една од најслабите селекции во Европа, се е на наша страна, па единицата е сигурна. Така типуваат и прогнозерите и дури 99,13 проценти што досега го одиграа 29. коло одиграа на единица на Спортска прогноза.

Во оваа рунда ќе се прогнозира исклучиво на натпревари на репрезентациите, 7 од нив се квалификациски за настап на Мундијалот во Катар во 2022 година, а шест од младинското Европско првенство што се игра во две земји, во Словенија и во Унгарија.

Има исклучително интересни натпревари, а во фокусот ќе биде дербито во А групата меѓу Србија и Португалија, што ќе се игра утре во Белград од 20.45 часот.

Разиграната Чешка, која и даде шест гола на гости на Естонија ќе игра со најдоброрангирата селекција на свет, Белгија в уште еден интересен дуел од квалификациите за СП, а за нас ќе бидат интересни и натпреварите од нашата група меѓу Ерменија и Исланд во Ереван и меѓу Романија и Германија во Букурешт.

Прогнозирањето за 29. коло е во тек, а последен рок за да одиграте за супер премијата „ајфон 11“ е до утре до 18 часот кога ќе почне мечот меѓу Норвешка и Турција.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести