Шанса за учество до утре за тие што не прогнозираа во 15-тото коло на Спортска прогноза

Сè уште не е доцна да се вклучите во новата рунда, имате шанса да прогнозирате во 15-тото коло на Спортска прогноза. Паровите се веќе познати и има доста интересни дуели кои не се едноставни за прогнозирање.

Меѓу понудените мечеви, најатрактивен е тој во Валенсија, каде што домаќините го пречекуваат Реал Мадрид. Кралскиот клуб има пеколен распоред бидејќи само три дена по ова тешко гостување му следува Ел Класико, и тоа на теренот на Барселона.

Целта е иста, да се погоди Среќна 13-ка, која може да ви донесе освојување на мобилен телефон iPhone XS. Добивки секогаш има и за оние кои имаат по 12 и 11 погодоци. За 12-ка следува вредносен ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари, додека 11-ката е за ваучер од 500 денари.

Многу интересно продолжува и битката во Генералниот пласман, каде што се калкулираат и поените од двата резервни пара. Веќе го имаме и првиот учесник во Спортската прогноза со 100 поени, а прв магичната граница ја стигна Христијан Т.

До крајот на втората сезона на Спортската прогноза има уште доста да се игра, а битката за врвот и шампионската круна е неизвесна. Најдобриот прогнозер ќе добие Смарт ТВ од 48 инчи, а награди ќе има и за сите што ќе завршат во Топ-5 во Генерален пласман.

- Оглас -

Најнови вести