Шансите на Барса да стигне до осминафиналето во ЛШ се помали од 10 проценти

Само 8,6 проценти од екипите кои претрпеле порази во првите две кола, успеале да ја минат групната фаза во фудбалската Лига на шампиони. Од 140 тима кои тргнале со нула бодови по две рунди, само 12 отишле во осминафиналето. Ова покажува дека Барселона, која загуби во првите две кола, е во непријатна положба околу пласманот во нокаут-фазата од ЛШ.

Надеж има, за Барселона следуваат два меча против Динамо Киев и евентуално освојување на 6 бода, целосно ќе ги врати во игра за првите две места, особено што треба да играат и дома против Бенфика. Има пример од сезоната 2007/2008, кога Лион исто така губеше во првите две кола со по 0-3, а се најде во осминафиналето.

Тоа што не е добро за Барселона е тоа што за 180 минути игра против Баерн и Бенфика, не упатија ниту еден шут во рамките на головите на противниците.

- Оглас -

Најнови вести