Шарлот стигна негатива од 18 поени, но го промаши шутот за победа (Видео)

Маратонската ноќ со дури 11 натпревари во НБА лигата заврши со седум победи на домаќините и четири на гостинските екипи. Најинтересно беше на дуелот Шарлот – Милвоки, на кој гостите славеа со 113:112. Во текот на речиси целиот меч Милвоки беше во предност која во еден момент беше и 20 поени. Сепак, Шарлот не се предаде и реши да приреди возбудлива завршница. На осум минути до крај разликата беше намалена на 10 поени (97:87), а потоа многу брзо на семафорот стоеше 101:101. Ова беше и двобој на Јанис Антетокунмпо од Милвоки и Кемба Вокер кај домаќините.

Антетокунмпо кој заврши со 25 поени и 18 скока, успеа да погоди две слободни фрлања на 23,7 секунди до крајот, но домаќините го имаа последниот напад. Вокер кој имаше реализирано 41 поени ја превзема одговорноста. Шутираше за победа на 3,4 секунди до крајот, но промаши. Домаќините имаа уште една шанса за победа, но промашија удар за три поени со звукот на сирената.

По 17 години поминати во дресот на Сан Антонио, деби за Шарлот имаше ветеранот Тони Паркер. Французинот во дебито за новиот тим даде осум поени, а имаше и седум асистенции.

Резултати: Шарлот – Милвоки 112:113, Детроит – Бруклин 103:100, Индијана – Мемфис 111:83, Орландо – Мајами 104:101, Њујорк – Атланта 126:107, Торонто – Кливленд 116:104, Хјустон – Њу Орлеанс 112:131, Сан Антонио – Минесота 112:108, Сакраменто – Јута 117:123, Феникс – Далас 121:100, ЛА Клиперс – Денвер 98:107.

- Оглас -

Најнови вести