Контроверзниот шеик Хамад бин Калифа Ал Тани, кој е близок роднина на Емирот на Катар што е газда на ПСЖ и често објавува провокативни објави на „Твитер“, овојпат испрати закана до тренерот Маурисио Покетино.
„Лондон е убав град. Го знаеш тоа“, порача Ал Тани, објавувајќи фотографија на Покетино како отпоздравува.
Очигледно е дека шеикот му се налутил на Покетино што при нерешен резултат, го извади од игра Лионел Меси и стана главна фудбалска вест на денот. ПСЖ в среда гостува кај Мец во лигашки меч и Покетино ќе мора да внимава како се однесува кон својот сонародник Меси, кој беше ѕвезда на преодниот рок со спектакуларниот трансфер од Барселона во ПСЖ.