Шеикот што ја утна работата со Њукасл ќе ги менува Кинезите во Интер?

Шеикот од Саудиска Арабија, Мохамед Бин Салман е расположен да биде мносински сопственик на управувачкиот пакет на акции во Интер, откако по долги преговори не успеа да го превземе Њукасл.

Информацијата ја објави „Кориере дело спорт“, а веќе подолг период се шпекулира дека Кинезите од „Сунинг холдингс груп“ ќе си заминат од Интер.

Бин Салман не е директно вклучен во преговорите за превземање на сопственичкиот удел во Интер, тоа засега е во доменот на инвестициски фонд од Саудиска Арабија што го претставува Јасир ал Рамајан, но „Кориере дело спорт“, објави дека главен играч е Бин Салман.

Шеикот долг период преговараше со сопственикот на Њукасл, Мајк Ешли да го откупи клубот за сума од околу 300 милиони фунти, а кога веќе се беше договорено, работата се изјалови.

Бин Салман дури доби и зелено светло од фудбалската федерација на Англија, но потоа по протестите на Хелсиншкиот комитет и на неколку групации за заштита на човековите права работата пропадна.

Меѓу главните што протестираа против превземањето на Њукасл од страна на шеикот Бин Салман, беше Хатиџе Ченгиз, вереницата на убиениот новинар Џамал Кашоги.

Кашоги беше убиен во Истанбул во 2018 година, а имаше сомневање дека Бин Салман кој е втор човек во Владата на Саудиска Арабија е вмешан во заговорот и убиството на Кашоги.

 

 

- Оглас -

Најнови вести