Шеиците не запираат, го купуваат и Њукасл

Њукасл добива нов газда, и тоа арапски шеик. Досегашниот сопственик, Мајк Ашли, неколку пати се обиде да се ослободи од акциите кои ги поседува, но неуспешно. Овојпат, веројатно ќе дојде до зделка и според повеќе извори, дилот веќе е потпишан.

Според шпекулациите, новиот сопственик се вика Шеик Халед бин Зајед Ал Нејан, кој е братучед на газдата на Манчестер сити, Шеикот Мансур. Член е на кралското семејство на Абу Даби, а пред некое време не успеа да го купи Ливерпул, за кој нудеше 2 милијарди фунти.

За акциите на Њукасл, 61-годишниот Халед бин Зајед ал Нејан ќе плати 350 милиони финти, а прва задача ќе му биде на менаџерот Рафаел Бенитес да му даде долгорочен договор, тврдат медиумите во Англија. Халед е претседател на федерацијата на ОАЕ во едрење и веслање, но прва љубов му е фудбалот.

Њукасл одамна нема трофеј, а фановите со нетрпение очекуваат да видат какви новини ќе донесе шеикот.

- Оглас -

Најнови вести