Тибо Куртоа се најде на листата на желби на богатите шеици од Саудиска Арабија. Белгискиот голман на Реал Мадрид доби понуда за тригодишен договор со вкупна плата од 90 милиони евра.
Куртоа е еден од најдобрите голмани во светот. Со 311 настапи за клубот, 123 натпревари без примен гол и 13 освоени трофеи, „џинот“ од два метра редовно спасуваше мечеви за Кралевите.
Оваа сезона, Куртоа имаше 10 натпревари без примен гол во Ла Лига и во Европа, примајќи само 20 погодоци во 23 натпревари.
На 1 јануари Белгиецот влегува во последните 18 месеци од својот договор со Реал, а шеиците се обидуваат да го убедат да потпише тригодишен договор со нето-плата од 30 милиони евра по сезона.
Според извори блиски до клубот, Куртоа е прв избор на „Бернабеу“, нема финансиски грижи и сака да продолжи да игра на највисоко ниво.

