Оклахома сити тандерс успеа да го врати брејкот во Индијата и победи со 111:104 за израмнување на 2:2 во финалната серија од НБА плејофот. апсолутен јунак во најдобриот тим од Западот е Шеј Гилџес-Александер.
Кошаркарот кој ја доби и наградата за МВП на сезоната во регуларниот дел, одигра фантастично, послевно во речавачките последни минути од мечот. Во последните четири и пол минути Гилџес-Александер постигна 15 од своите 35 поени.
Плејмејкерот на Оклахома на овој меч постигна нешто што во финалните серии на НБА лигата не е виден од далечната 1947 година. Шеј постигна 35 поени, но немаше ниту една асистенција.
Последен пат вакво нешто во финале на НБА серија имал Фалкс кој пред 78 години постигна 37 поени без да има ниту една асистенција.