Шекил и Баркли се отепаа од смеење кога дознаа дека ѕвездата на Лејкерс салата ја напуштила во инвалидска количка (Видео)

Ентони Дејвис,  кошаркарот на ЛА лејкерс, заработи незгоден удар во главата во петтиот меч од полуфиналето во Западната конференција против Голден стејт вориорс, поради што од салата беше изнесен со количка, а поради тоа легендите Шекил О’Нил и Чарлс Баркли се отепаа од смеење и тоа во ТВ-емисија во живо.

Дејвис во последната четвртина при еден дуел со Кевон Луни, доби удар во главата, поради што мораше да излезе од игра, а потоа беше однесен во соблекувалната.
Според пропозициите на НБА-лигата, поради страв од можен потрес на мозокот, Дејвис салата во Сан Франциско ја напушти во количка.

https://twitter.com/i/status/1656522080274505728

Легендарните кошаркари О’Нил и Баркли, кои сега се стручни ТВ аналитирачи, кога дознаа дека Дејвис салата ја напуштил во количка, не можеа да ги престанат да се смеат.

Шампионот Голден стејт славеше со 121:106 и намали на 2-3 во победи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести