Легендарниот НБА-кошаркар Шекил О’Нил откри дека се обидел да си најде девојка на социјалната мрежа „Тиндер“, но неговите обиди биде неуспешни.
Тој на крајот морал да го избрише својот профил на оваа социјална мрежа.
„Се регистрирав на ‘Тиндер’, го внесов моето име и се обидов да пронајдам некоја девојка со која би можел да излезам во ресторан, но никој не веруваше дека тоа навистина сум јас. Разговорите одеа вака: Здраво, јас сум Шек. Не, ти не си Шек. Шек никогаш не би бил на ‘Тиндер’.
Потоа го избришав мојот профил на ‘Тиндер’. Смешно е што пет минути се обидував да убедам една девојка да се видиме во ‘Старбакс’. Но, одговорот беше ‘Не сакам’“, открива О’Нил.
Легендарниот кошаркар на Орландо, ЛА лејкерс, Бостон, Мајами, Феникс и Кливленд и кој освои четири шампионски титули во НБА е татко на пет деца. Од бракот со Шони Нелсон, со која се разведе во 2009 година, има четири деца, ќерките Амира и Мерах и синовите Шариф и Шакир, а од врската со Арнета Јардбоу ја доби ќерката Танира.