25.8 C
Skopje
четврток, 4 септември 2025

Шешко: „Нивото на фудбалот во Англија е повисоко од тоа во Германија“

Бенјамин Шешко беше доведен во Манчестер јунајтед за 74 милиони евра од Лајпциг, но иако настапи на четири меча за Црвените-ѓаволи, сепак сè уште чека на својот прв гол за новата екипа.

„Нивото на фудбалот дефинитивно е на многу повисоко ниво, секако и играчите се на повисоко ниво. На крајот од краиштата, англискиот фудбал е на највисоко ниво во светот. Со нетрпение го очекувам следниот натпревар бидејќи на секој тренинг станувам сè подобар и побрз, а напредувам и во моето фудбалско размислување. Сакав да играм во Англија и на моја голема среќа, тоа ми се оствари“, вели Шешко.

Тој во моментов е дел од репрезентацијата на Словенија, а по враќањето го очекува дуелот против градскиот ривал Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести