20.8 C
Skopje
среда, 30 јули 2025

Шешко се договори со Њукасл, премиерлигашот му нуди 72 милиони евра на Лајпциг

Словенечкиот напаѓач Бењамин Шешко е сè поблиску до трансфер во англискиот премиерлигаш Њукасл. Според најновите информации, фудбалерот ги договорил личните услови со клубот кој е во сопственост на саудиската кралска фамилија и важи за најбогат во светот на фудбалот.

Сепак, трансферот сè уште не е завршен, останува Њукасл да постигне договор зa отштетата со Лајпциг, актуелниот клуб на Шешко. Првата понуда на Њукасл ќе изнесува 72 милиони евра.

Иднината на овој трансфер е поврзана и со ситуацијата околу шведскиот напаѓач Александер Исак, кој побара трансфер. Ливерпул понудил дури 138 милиони евра, плус бонуси за Исак, а за него интерес покажува и Манчестер јунајтед.

Ако се реализира, трансферот на Шешко може да стане еден од најголемите за фудбалери од регионот. Во оваа категорија досега се истакнуваат трансферите на Јошко Гвардиол во Манчестер сити (околу 100 милиони евра) и на Душан Влаховиќ во Јувентус (85 милиони евра).

- Оглас -

Најнови вести