Возбудувањата во НБА-лигата продолжуваат со шест натпревари кои ќе се играат ноќеска. Според понудените квоти, на три средби домашните екипи ја имаат улогата на големи фаворити и не би требало да киксираат. Филаделфија спои два порази и време е да се врати на победите, а подобар ривал од Јута тешко дека ќе има. Џезерите имаат шест порази по ред и се вториот најслаб тим на Западот.
Лос Анџелес клиперс пред своите навивачи игра против Индијана и е голем фаворит. Клиперси се борат за место во плејофот, додека Индијана е само со 15 победи во 61 меч и сега е во низа од шест порази по ред. Сепак, интересно е дека Индијана има четири победи во последните пет меча против Клиперс, па тимот од Лос Анџелес има дополнителен мотив да победи.
Пред своите навивачи треба да победи и Бостон против Шарлот. Гостите се во одлична форма и имаат пет победи во низа, но кога играат против Бостон, како да не знаат како треба, па традицијата покажува дека Бостон има 16 победи во последните 17 средби со овој ривал.
Од гостинските екипи, најблиску до триумф треба да биде Оклахома, која гостува кај Њујорк. Оклахома е најдобриот тим во лигата, а против Њујорк има четири победи по ред.

Во понудата има и преку 65 кошаркари кои ноќеска треба да бидат на терените и да се брка „плус-минус“ поените. Ѕвездата на Оклахома Шеј Гилџес-Александер треба да постигне над 30,5 поени за да биде во плус.


